На 24.07.2022 околу 22.15 часот на ул.„Џон Кенеди“ од страна на полициски службеници од Секторот за недозволена трговија со дрога, оружје и опасни материи при Одделот за криминалистичка полиција лишен е од слобода М.М.(30) од скопско.
Имено, откако полициски службеници се обиделе да сопрат патничко возило „ауди А3“, со скопски регистарски ознаки, М.М., управувајќи го возилото, се дал во бегство, при што удрил и оштетил службено полициско возило. Откако бил запрен, при извршен преглед во возилото „ауди“ било пронајдено пакување со кокаин, дигитална вага за мерење и предмети со остатоци од кокаин.
Лицето е приведено во полициска станица и во координација со Јавен обвинител од ОЈО Скопје, против него ќе биде поднесен соодветен поднесок.