11. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

(Фото) Голем пожар близу селото Ѓавото во Богданци – Силниот ветер ја влошува ситуацијата

Денеска, после пладне, беа пријавени неколку пожари на територијата на државата на отворен простор од којшто поспецифичен, според проширувањето, е пожарот за којшто известува Регионалниот центар за управување со кризи РЦУК Струмица. Тој започнал како пожар в поле, а подоцна се проширен во шума на место викано Погана помеѓу Гевгелија и Богданци.

Во гаснењето на пожарот прво интервенирале 12 пожарникари со 4 пртивпожарни ПП возила од ТППЕ Гевгелија и 4 лица од Национални шуми подружница Гевгелија. Потоа, на помош, дошле од Општина Богданци, а и мештаните се вклучиле да помогнат за да се гаси.

Пожарот, заради метеоролошките услови со ветер и теренските услови – непристапност и густа трнеста вегетација, локално позната како прнар, се проширил во обем за загрозување на пумната станица за вода Ѓавото за Дојранско Езеро и просторот под големите ветерници во таа околина, а и за селото Ѓавото. Затоа е побарано противпожарна помош за дејство од воздух, поточно да се активира еден хеликоптер за гаснење на непристапните места, што во моментот се остварува согласно стандардните оперативни процедури.

Можеби ќе ве интересира

Филипче: Упорно бараме декласификација на материјалите

C +

Филипче: После 10 дена пожар во Вардариште и неколку дена во Дрисла граѓаните практично се гушат

C +

Филипче: Жалам што вчера премиерот кажа дека нема намера да се интервенира во цените на производите

C +