22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Ново големо намалување на цената на бензиног и дизелот

Регулаторната комисија за енергетика и водни услуги на Република Северна Македонија донесе Одлука со која се врши намалување на малопродажните цени на нафтените деривати во просек за 1,42% во однос на одлуката од 21.07.2022 година.

Референтните цени на нафтените деривати на светскиот пазар во споредба со претходната пресметка бележат намалување во просек: кај бензините за 1,597%, кај дизелот за 1,488%, кај екстра лесното масло за 1,374% и кај мазутот зголемување за 2,738%.

Малопродажните цени на бензините ЕУРОСУПЕР БС-95 и ЕУРОСУПЕР БС-98 се намалуваат за 2,00 ден/лит, додека малопродажните цени на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V) и на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се намалуваат за 2,50 ден/лит.

Малопродажната цена на Мазутот М-1 НС се зголемува за 1,011 ден/кг и ќе изнесува 52,466 ден/кг.

Од 23.7.2022 година од 00:01 часот максималните цени на нафтените деривати ќе изнесуваат:

Моторен бензин​​ЕУРОСУПЕР БС – 95​​​ 96,50 (денари/литар)
Моторен бензин​ ​ЕУРОСУПЕР БС – 98​​​ 99,00​ (денари/литар)
Дизел гориво​​​ЕУРОДИЗЕЛ БС (Д-Е V)​ ​ 97,50 (денари/литар)
Масло за горење​​Екстра лесно 1 (ЕЛ-1)​​ 96,00 (денари/литар)
Мазут М-1 НС​​​​​​​​​​​​ ​ 52,466 (денари/килограм)

Курсот на денарот во однос на доларот во изминатиот период по кој беа формирани цените со претходната пресметка е понизок за 0,263%.

Напоменуваме дека ова се максималните цени на нафтените деривати од 00:01 часот на 23.7.2022 година. Трговците на големо и трговците на мало со нафтени деривати и горива за транспорт можат да ги формираат цените на одделни нафтени деривати и горива за транспорт и пониско од највисоките утврдени цени.