27. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Приведен криумчар од скопско, пронајдени 12 мигранти

Денеска (19.07.2022) околу 01.00 часот во близина на граничната линија со Република Грција, полициски службеници од Полициската станица Богородица го лишиле од слобода А.М.(30) од с.Инџиково, скопско. Тој се сомничи дека со неговото возило „ауди а6“, со скопски регистарски ознаки, превезувал 12 мигранти од Индија, кои се пронајдени и сместени во Прифатниот транзитен центар „Винојуг“ во Гевгелија.

Околу 21.30 часот кај клучка Прдејци, возилото било забележано како со голема брзина се движи кон Гевгелија, а во 21.40 часот А.М. со возилото ја скршил рампата од кабина за гранични проверки, по што тој и мигрантите се дале во бегство. Набргу, мигрантите биле пронајдени, а по пребарување на теренот бил пронајден А.М. и бил лишен од слобода. Тој бил приведен во полициска станица и по целосно документирање на случајот против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

Можеби ќе ве интересира

Растот на платите го надминува растот на цените – економијата се движи во позитивна насока, тврди министерката Кочоска

ДЕСК

Седница на ИО на СДСМ: Нови 11 кандидати за градоначалници

ДЕСК

Пеколно жешко до 38°C, па температурен пресврт и невреме со заладување – Метеоцентар со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК