8. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Ковачевски: Ние водиме политика за влез во ЕУ со заштита на нашиот јазик, идентитет и достоинство

Премиерот Димитар Ковачевски во своето обраќање во македонското Собрание истакна дека пред нас е шанса за отпочнување на процесот на преговори со ЕУ, со чист македонски јазик и идентитет.

“Пред самитот на ЕУ во Брисел, добивме сет на идеи, а не официјален и формален предлог. За мене, за Владата и коалиционите партнери, за Претседателот на државата и убеден сум за сите граѓани на државата, тој концепт не беше прифатлив. И затоа, таму каде што треба, не под маса, не во ходник, не тивко, туку пред сите 27 лидери на членките на Унијата и пред целата европска јавност, кажав гласно, прецизно и јасно НЕ, затоа што тој сет на идеи не беше во согласност со нашите консензуално дефинирани државни позиции потврдени во Собранието, со посебната Резолуција за црвените линии. Кратко и јасно, кажав НЕ, затоа што таа основа не беше добра за македонската држава. И покажавме како се бранат државните и националните интереси”, рече Ковачевски.

Ковачевски истакна дека Владата води политика и за за влез во ЕУ, со заштита на црвените линии.

“Ние тука не застанавме. Не се предадовме. Не одлучивме да глумиме лажни патриоти. Напротив, продолживме да бараме решение кое ќе ги задоволи државните, но и националните интереси на македонскиот народ. На истите црвени линии, но и на истата обврска да започнеме преговори.Ние не прифаќаме и не водиме политика на „или или“. Ние водиме политика и за преговори за влез во ЕУ и за заштита на нашето достоинство, идентитет, јазик и историја”, рече Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

Ацевски: Ревизија на сите ДУП-ови во Ѓорче и забрана за градење на висококатници!

ДЕСК

Каранфиловска Пановска: СДСМ и Методија Куновски имаат одговори за економскиот развој и создавање подобри услови за компаниите во Битола

ДЕСК

ВРЕМЕТО ПОВТОРНО СЕ МЕНУВА: Синоптичарите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК