Фејсбук статус на Блажен Малески, Млад истражувач во невладината Реактор:
Мислам дека во оваа „тензична“ атмосфера треба да повториме неколку работи во однос на преговарачката рамка:
– Дали некој може да ви го отсече „коренот“ или пак на некој народ? Не, не може.
– Дали преговарачката рамка како што е поставена е на база на дисбаланс на моќ? Да е. Едната страна е во клубот што сакаме да влеземе, ние не сме, оттаму и поставеноста.
– Дали преговарачката рамка има замки? Да има, при што „политичката“ борба се префрла во Брисел и на масите во Скопје и Софија, каде што и до сега беа.
– Дали тие замки ќе се остварат и ќе има нови „барања“? Не знаеме, можеме само да претпоставуваме.
– Дали тие замки ќе ни го „отсечат“ коренот? Не, и нема да може пошто и ние седиме на таа маса и одлучуваме.
– Дали преговарачката има и добри страни за Македонија? Да има, на пример признавањето на македонскиот јазик (со исклучок на Бугарија).
– Дали некогаш ќе го промениме ставот на политичкиот естаблишмент во Бугарија за „еден народ, две држави“? Не, нема. Ниту ќе си помогнеме ако и понатаму продолжиме со вреѓање.
– Дали ќе направиме јасна дистинкција дека има Македонци и Бугари со уставните измени? Да, ќе направиме со што се намалува можноста другата страна да вели „еден народ, две држави“.
– Дали некогаш ќе најдеме заеднички јазик за заедничката историја? Можеби, но не ако не зборуваме со соседите.
– Дали владата лошо ги комуницира сите овие работи од ден 1 на „францускава шансона“? Апослутно.
На крај краева, мене ми е јасно зашто ВМРО-ДПМНЕ (која буквално има заедничка историја со Бугарија) и Левица сакаат овие протести и овој гнев да го искористат. Веројатно имаат различни политички стратегии за стигнување до власт. Ама и да се каже НЕ сега, Бугарија ќе ни остане сосед. Ќе остане фактот дека имаме заедничка историја. Бугарија ќе остане на свотие ставови, а ние никогаш нема да ја имаме шансата да ги убедиме другите во клубот на ЕУ дека сме различни. Освен ако Левица и ВМРО ДПМНЕ не договориле лансирање на целата територија на Македонија во орбита па да не се занимаваме со нашите соседи.
Сакам да кажам, овие работи не се бранат со молотови и камења кон полицијата (дел со тешки повреди), не се брани со вреѓање на Албанци, Роми, Турци, Власи, Срби, Бошњаци, ниту па со вреѓање на Бугари. Не се брани со гасни комори и разгорување омраза, туку со мудри и мирни глави. Оти се друго оди во прилог само на другата страна.
На крај не заборавајте дека коренот е само еден дел од дрвото, пошто некогаш ќе дојде пролет и ќе мора да процветаме.