Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМАТОП ВЕСТИ

Видео од апсењата на две лица поради насилните демонстрации

Приведени уште две лица и против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“

Од страна на Единицата за насилен криминал – Одделение за насилен криминал при СВР Скопје, по преземени мерки и активности, лишени се од слобода Д.Ј.(32) и С.Ј.(18) од Скопје и во соработка со ОЈО Скопје против нив е поднесена кривична пријава по брза постапка за сторено кривично дело „учество во толпа што ќе изврши кривично дело“ по член 385 од Кривичниот законик.

Тие се сомничат дека на 05.07.2022 околу 21.00 часот, за време на одржување на ненајавен јавен сoбир организиран преку социјални мрежи, започнале да фрлаат со камења и разни други предмети спрема полициските службеници и зградата на Собранието. Против нив се обезбедени сите докази, по што се изнесени пред Судија на претходна постапка.

СВР Скопје продолжува со преземање мерки и активности за идентификување на сторители на кривични дела за време на протестите и обезбедување на докази против нив, по што заедно со кривичните пријави против нив, ќе бидат приведени и изнесени пред надлежен Јавен обвинител и пред Судија на претходна постапка.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК