Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Најостро ги осудувам нападите врз полицијата

Претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ги осуди нападите врз полицијата истакнувајќи дека иако протестите се демократско право насилството не може да се оправда со ништо.

,,Тоа што синоќа се случи пред Собранието не е вистинското лице на европска Република Северна Македонија, земја членка на НАТО. Протестите се демократско право на секој граѓанин, но насилството не може да се оправда со ништо.

Најостро го осудувам нападот врз полицијата која синоќа беше на висина на својата задача, професионално штитејќи ги граѓаните и државните институции.

Насилството и омразата не се, и не може да бидат решение на ниту еден проблем. На потпалувачите на протестите ќе им порачам – не манипулирајте и не злоупотребувајте млади луѓе за да ги задоволите вашите политички апетити. Вашето сценарио синоќа резултираше со над 40 повредени полицајци и над десетина приведени. 27 април нема да се повтори”, е наведено во ФБ статусот на премиерот Ковачевски.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Над 20% од територијата на Македонија изгоре во пожари, не му оди на Мицкоски со патриотизмот

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: СДС додека ја спроведува бугарската агенда паралелно е и политички чадор на ДУИ за спас на кариерата на Ахмети

ДЕСК

ВМРО ДПМНЕ: Со инвестиција вредна 2 милиони евра пуштен нов булевар во Гевгелија, Владата на ВМРО-ДПМНЕ продолжува со инфраструктурен развој на државата

ДЕСК