Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Заев се сретна со Мајк Помпео

Фејсбук статус на Зоран Заев:

На конференцијата на Економист во Атина имав средба со нашиот пријател Мајк Помпео, поранешниот државен секретар на САД. Помпео е голем поддржувач на Северна Македонија и на македонскиот народ кој во клучниот период пред нашето зачленување во НАТО даде голем придонес за успешно заокружување на овој наш стратешки и безбедносен приоритет.

Безбедноста и стабилноста на регионот никогаш не биле позначајни во последните 20 години. Соработката со развиените безбедносни системи на земји како САД и Израел се од огромно значење и за НАТО алијансата и за Северна Македонија.

Со министерот за одбрана на Израел Бени Ганц се согласивме дека европската интеграција на Северна Македонија во овие моменти на воена инвазија врз територијата на Европа е клучна за стабилноста на Балканот.

Можеби ќе ве интересира

Грабеж среде бел ден во центарот на Скопје – прво физички го нападнале, а потоа го опљачкале

ДЕСК

Полицијата трага по исчезнато 16 годишно девојче

ДЕСК

Во својот дом во центарот на Скопје пронајден починат скопјанец – наредена обдукција

ДЕСК