Centar.mk
ИЗБОРМАКЕДОНИЈАТЕМА

Спасовски на ТВ24: Има најави за радикализација на протестите, апелирам до политичките субјекти на сочувување на безбедноста

Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски се вклучи во вестите на ТВ24 и во својата изјава истакна дека граѓаните имаат право на протест и тоа право никој не може да го суспендира.

„Протестите мора да бидат мирни и демократски. Има најави за радикализација на протестите од одредени политички субјекти, во смисла на напади врз полициски службеници и витални објекти на институции. Вчера имавме обид да ескалација, имаме 4 повредени полициски службеници, а самото тоа покажува дека преку насилство не може да се постигне ништо, туку треба да се разговара во институциите на системот,” рече министерот Спасовски.

Тој апелираше до политичките субјекти, организаторите на протестите и до граѓаните, на демократски капацитет, заеднички да придонесат да се сочува редот, мирот и безбедноста.

„Насилството кон оние кои го оддржуваат редот – врз македонската полиција, врз институциите нема да придонесе кон ништо”, подвлече Спасовски.

Можеби ќе ве интересира

СОНЦЕ ЗА ВИКЕНДОТ, НО УТРА ДО −3 °C – На почетокот на следната седмица услови за слаб дожд

ДЕСК

ТРИ НЕСРЕЌИ СО ТЕШКО ПОВРЕДЕНИ ВО СКОПЈЕ – Меѓу настраданите и шестгодишно дете

ДЕСК

ГРАЃАНИТЕ МОЖАТ ДА ПРЕДЛОЖАТ РЕВИЗИИ – ДЗР прима иницијативи до 1 декември

ДЕСК