22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
БИЗНИС

Народна банка на работна средба со Централната банка на Црна Гора

Делегација на Народната банка предводена од гувернерката Анита Ангеловска-Бежоска, во периодот од 29 до 30 јуни, оствари работна посета на централната банка на Црна Гора, при што се сретна со гувернерот Радоје Жугиќ и неговиот тим.

Најголемо внимание им беше посветено на предизвиците со коишто се соочуваат носителите на политиките веќе подолг временски период, во услови на продолжена глобална криза. Посебен акцент беше ставен и на сѐ повисоката инфлација, којашто тековно е едно од клучните прашања за централните банки. На состанокот заеднички беше заклучено дека ценовните притисоци, особено за малите и отворени економии, се последица на глобалните проблеми произлезени од пандемијата, а поврзани со синџирите на снабдување, во услови на отворање на економиите и нормализација на побарувачката. Исто така, големи притисоци се чувствуваат и преку каналот на сѐ повисоките цени на енергентите и на храната на светските берзи. Овие притисоци дополнително се нагласени со кризата во Украина. Со оглед на долготрајноста на овие случувања, беше увидена потребата од делување преку макроекономските политики заради ублажување на ценовниот раст и спречување на растот на долгорочните инфлациски очекувања.

Прашањето за финансиската стабилност во услови на криза исто така беше тема на разговор на работните средби. Притоа беше заклучено дека и во двете земји банкарските системи покажуваат солидни остварувања и релативно голема отпорност на надворешните шокови во изминатиот период. Високата солвентност, ликвидноста на банките, како и добриот квалитет на кредитното портфолио покажуваат дека банките успешно го минуваат тестот на продолжената криза, при добри појдовни позиции пред почетокот на кризата, здрави политики и прудентна регулатива. Но, имајќи го превид продолжениот карактер и силината на кризата, можни се неповолни ефекти врз реалната економија и преносни ефекти врз билансите на банките, поради што е потребно внимателно следење, здраво управување со ризиците и понатамошно градење на капиталните позиции за справување со евентуалните ризици.

На средбите беа разгледани и можностите и областите каде што двете централни банки може да ја продлабочат својата успешна, долгогодишна соработка, информираат од НБРМ.

Можеби ќе ве интересира

Премиерот Ковачевски ќе одржи средба со претседателот на ВМРО ДПМНЕ Мицкоски

M T

Средба Османи – Касулидес

M T

Средба на Грковска со романската амбасадорка Аксинте: Унапредување на соработката меѓу Северна Македонија и Романија, посебно во областа на креирање на антикорупциски политики

M T

Министерот Спасовски во Букурешт оствари работна средба со Огуз Серкант Акин, директор на Центарот за соработка во областа на спроведување на законот на Југоисточна Европа – СЕЛЕК

M T

Реализирана билатерална средба на министерот Спасовски со неговиот романски колега Боде, на која беа потпишани и два документа за зацврстување на соработката

M T

Грковска и Тренчевска на средба со Сојузот на борци од НОАВМ: Значајно е место на борците во општествениот живот, ги одржуваат сеќавањата на историските придобивки

M T