4. декември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈА

Апасиев: Фали моментот на радикализација, бидејќи спектакуларизацијата ќе го извентилира гневот

Радикализирање на протестите пред Влада, или тие, или ние – ова синоќа го најави пратеникот Димитар Апасиев од Левица. Бројот на демонстранти кој од вчера почна да се намалува не смее да се дозволи да го задуши протестот, затоа била потребна радикализација, а Левица како што рече, имале методи за тоа.

-Од утре да се почне со порадикални методи, бидејќи спектакуларизацијата ќе го изактивира гневот, а тоа не е целта. Целта е суштински да го спречиме она што ни го приредуваат, а тоа е предавство. Веќе ми е искрено досадно правно да аргументирам. Сус бе копуци, аргументот е тој. Преку глава од сѐ, идеме или тие, или ние. Дечките од Левица утре ќе влеземе многу пожестоко за почеток јајца, тоалетна хартија, а може и пожестоки методи имаме ние искуство ќе ги видиме методите вечерва ќе ги дебатираме – рече синоќа Апасиев за Инфомакс.

Според него фалел моментот на канализирање на гневот, а сега ресурсите како што рече не биле проблем, бидејќи 90% од Општините биле во рацете на опозицијата.

-Фали моментот на канализирање на гневот, а тоа се прави на поинакви начини. Да одржувате секојдневни протести е голем залак меѓутоа има разни форми, можеме да продолжиме со маршеви, можеме да продолжиме со блокади, сега 90% од Општините се под раководство на опозицијата нема алиби дека немаме ресурси сите аргументи се на наша страна. Ќе стапам во контакт и со повисоки ешалони да го предочам ова, дека овој правец не е добар – рече Апасиев од Левица.