Фејсбук статус на вицепремиерот Бојан Маричиќ:
Досега нашите политики и сите чекори кои сме ги направиле биле стратешки и во интерес на државата и граѓаните.
🎯Со францускиот предлог имаме можност да го почнеме преговaрачкиот процес на македонски јазик, признаен од цела Европска Унија.
Меѓувладината конференција и скринингот се првите чекори од преговарачкиот процес и кај сите земји членки во просек траеа околу 12 месеци. После тоа, следува отворање на првото поглавје, а до тогаш би било потребно внесување на трите нови етнички заедници во нашиот Устав, покрај постоечките седум.
Имаме можност за чист напредок во европските интеграции со чист македонски јазик и идентитет признаен од целата Европска Унија. Тоа го добиваме без никакви условувања или отстапки.
Напредокот после скринингот ќе зависи од внесувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот што е само зајакнување на нашето еднакво мултикултурално општество. Нашиот европски напредок веќе нема да зависи од историските прашања кои ги покрева Бугарија и за кои треба да разговараме, но за кои никој од македонска страна нема да може да биде условуван.
🇲🇰Остануваме доследни на нашите интереси и македонските национални цели.
🇲🇰🇪🇺Од нас и само од нас зависи.