Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

Тренчевска: Згрижувачиките семејства се од исклучителна важност за едно општество

Министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска присуствуваше на промоцијата на згрижувачки семејства во Кавадарци која што е дел од кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ организирана од страна на СОС Детско село во соработка со Министерството за труд и социјална политика, Заводот за социјални дејности, Центрите за поддршка на згрижувачките семејства, Центрите за социјална работа и локалната власт.

Тренчевска ја истакна важноста и приоритетот на Владата и Министерството за труд и социјална политика кога станува збор унапредувањето на детската заштита.

Кампањата „Подај рака и промени живот – стани згрижувач!“ која започна на почетокот на месец јуни, има за цел подигање на свеста за значењето на згрижувачките семејства и нивната улога во општеството“ рече Тренчевска.

Таа истакна дека кампањите се еден од најефикасните начини да се допре до сите чинители во државата со цел да се информираат и поттикнат потенцијалните згрижувачи и да се обезбеди топол дом за децата на кои тоа им недостига.

Ги повика граѓаните, кои ги исполнуваат условите за згрижувачко семејство, да се пријават и да овозможат двојна среќа и топол дом.

Можеби ќе ве интересира

Министерот Минчев на средба со амбасадорот на Кралството Шведска Сулстром

ДЕСК

Нова поштенска марка ја одбележува улогата на жените во градењето мир, 25 години од Резолуцијата 1325 на Советот за безбедност на ОН

ДЕСК

Меморандум на МОН и ИНОФЕИТ за соработка во унапредувањето на дигиталните вештини на наставниците, со фокус на вештачката интелигенција

ДЕСК