9. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Ковачевски: Во ЕУ само со исполнети наши услови

Чиста формулација на македонскиот јазик во преговарачката рамка и јасна заштита на македонскиот идентитет, како и вклучувањето на Бугарите, Хрватите и Црногорците во Уставот откако ќе почнат преговорите меѓу Македонија и ЕУ, се дел од клучните елементи, за „францускиот предлог“ да биде прифатлив за македонската страна, напиша премиерот Димитар Ковачевски на Фејсбук.

Тој повтори дека Владата формално нема добиено предлог кој е усогласен на ниво на сите 27 земји членки.

Ковачевски пишува и дека каков и да е конечниот усогласен текст на предлогот, за да биде прифатлив за македонската страна може да има цврсти гаранции и од Бугарија и од Европската унија дека Бугарија нема да условува со нови барања, надвор од она што ќе биде договорено во преговарачката рамка и билатералниот протокол кој сѐ уште не е усогласен со Бугарија.

Историските прашања не можат да бидат критериуми во преговарачката рамка, пишува Ковачевски.

Премиерот вели дека секое решение ќе треба да е консултирано со македонските институции. Премиерот претходно соопшти дека ќе патува во Брисел на Самиот на ЕУ.

Можеби ќе ве интересира

Чувајте се, афричкиот топол бран чука на врата, температурите ќе достигнат и до 40°C – Метеоролозите излегоа со четиридневна прогноза

ДЕСК

ДИК оддржа седница по распишувањето на Локалните избори – донесени 12 точки на дневен ред

ДЕСК

АВМУ ќе врши мониторинг на медиумското известување во предизборниот период

ДЕСК