Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Тешка сообраќајка на улица Беласица – мотоциклист со сериозни повреди

На 09.12.2025 година околу 12:20 часот во Секторот за внатрешни работи Скопје било пријавено дека на улицата „Беласица“ во Скопје се случила сообраќајна несреќа помеѓу патничко возило „Мерцедес“ со тетовски регистарски ознаки, управувано од лице на возраст од 60 години од селото Палатица, тетовско, и мотоцикл „Јамаха“ со скопски регистарски ознаки, управуван од лице на возраст од 41 година од Скопје.

Во сообраќајната несреќа со тешки телесни повреди се здобил мотоциклистот, а повредите се констатирани во Градската општа болница „Свети Наум Охридски“.

Увид на местото на настанот извршила увидна екипа од СВР Скопје.

Можеби ќе ве интересира

ПРВО УКРАЛ ТРОТИНЕТ, ПА САМИОТ ПОВИКАЛ ПОЛИЦИЈА – 18-годишник пријавил дека бил нападнат по кражбата

ДЕСК

ИНЦИДЕНТ ВО ОСНОВНО УЧИЛИШТЕ ВО АЕРОДРОМ – Малолетник нападнат со тврд предмет од соученик, мајката пријавила во полиција

ДЕСК

НАПАД КОН ПОЗНАТ БИЗНИСМЕН И ЗАКАНИ ВО ГРАЃАНСКИОТ СУД ВО СКОПЈЕ – 61-годишен маж нападнал друг маж и ѝ се заканувал на неговата адвокатка

ДЕСК