23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: По дебаклот на митингот, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните

Граѓаните јасно им порачаа на Христијан Мицкоски и на ВМРО-ДПМНЕ дека се против деструкции и блокади, дека не ги поддржуваат анти државните делувања и не се за предвремени избори, велат од СДСМ.

„Слабиот одѕив, лошата организација, неуспешноста на митингот на ВМРО-ДПМНЕ потврдија дека граѓаните препознаваат дека нема ништо ново од Мицкоски. Граѓаните порачаа дека се против блокада на државата во клучни моменти и против обидите да се попречи успешното справување со најголемата економска и енергетска криза. Мицкоски требаше да ја стави пратеничката група во функција на граѓаните и законските решенија за подобрување на животниот стандард во услови на глобална криза но тој продолжува со својата тврдоглавост на штета на граѓаните“, посочуваат во соопштението од партијата на власт.

Граѓаните, додаваат од таму, знаат дека Мицкоски, кој брани криминал од епски размери, потврден со судски одлуки, како Талир 2, кој незаконски грабал од народот за криминално да го направи Белиот дворец нема друго да понуди.

„Знаат дека човекот кој едно зборува дома, а друго надвор не може да биде опција за иднината. Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ да ја прифатат пораката од граѓаните“, порачуваат од СДСМ.

Можеби ќе ве интересира

СДСМ: Потонаа нарачаните анкети, ВМРО-ДПМНЕ доживеа дебакл на изборите и пад на гласовите

M T

СДСМ: Каков дебакл, пропаднатата блокада Мицкоски ја замени со протест за месец од сега

M T