24. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: Колку чинеше пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ?

Владејачката СДСМ го оцени вчерашниот протест за промени на ВМРО-ДПМНЕ за пропаднат. Според проценките кои ги објави партијата, на протестот имало околу 15.000 луѓе.

-Дебаклот на ВМРО-ДПМНЕ, односно неуспешноста на вчерашниот митинг на Христијан Мицкоски упати јасна порака дека граѓаните не се за деструкции и блокади и не сакаат предвремени избори.

Но колку чинеше дебаклот на ВМОР-ДПМНЕ? Математиката е едноставна. На митингот имаше присутни околу 15.000 членови и симпатизери на ВМРО-ДПМНЕ, но партијата сигурно планирала повеќе и ангажирала превоз и останати потреби за околу 20.000 членови. Превоз за 20.000 членови чини околу 200.000 евра. Ако на тоа се додадат и останати трошици за нив, вода, сок, сендвич, бина, озвучување, струја и се друго потребно, сумата е значително поголема. Дали пропаднатиот митинг на ВМРО-ДПМНЕ ја надмина сумата од 300.000 евра?, се вели во дописот од СДСМ.