9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

(фото) Слаба организација на митингот на ВМРО-ДПМНЕ, не може да се формираат планираните колони во Скопје

Првичните слики кои се доставени до нас покажуваат многу слаба организација на митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Се уште не може да се формираат планираните колони на улиците во Скопје, се забележуваат само мал број поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ на собирните пунктови.

Дел од нив сами се движат, дел се по продавниците низ градот.

Иако има автобуси и комбиња наредени во околните улици, пред Собранието во моментов има едвај 200 партиски поддржувачи на ВМРО-ДПМНЕ. На собирниот пункт пред ТЦ Буањаковец исто така. На пунктот кај ТЦ Мавровка се забележува нешто поголема група од околу 1.000 членови на ВМРО-ДПМНЕ, но никој не знае што натаму.

„Очигледно е дека има организациски проблеми“ велат присутните кои признаваат дека не е како што се надевале и велат дека со сигурност митингот ќе доцни многу.

(фото)

Можеби ќе ве интересира

ВМРО ДПМНЕ: Финансиската полиција по сомнение за местење на тендер, соодветно постапила и уапсен е Борче Марковски

ДЕСК

Мицкоски: Време е за ресет на системот, судиите мора да судат според законот, а не според партиски влијанија

ДЕСК

Филипче: Со Лазар Петров Демир Капија станува модерен винско-туристички центар во југоисточна Македонија

ДЕСК