9. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Владата ги збива редовите – Утре состанок на коалицијата

Во недела претседателот на Владата на Република Северна Македонија Димитар Ковачевски ќе има средба со лидерите од владината коалиција.

Средбата ќе се одржи во 13:00 часот во свечена сала, во Владата на Република Северна Македонија.

Медиумите ќе имаат можност за видео инсерти од почетокот на средбата и потребно е да пристигнат во 12:40 часот на влезот пред медија центарот во Владата, од каде што ќе бидат спроведени до свечена сала.

По завршувањето на средбата, премиерот Димитар Ковачевски ќе има прес-конференција за медиуми на која што ќе присуствуваат и лидерите од владината коалиција, која ќе се одржи во холот на Владата.

Можеби ќе ве интересира

Филипче од Прилеп: Под превезот на лажниот патриотизам донесоа ослабена економија и поделена држава

ДЕСК

Какво ќе биде времето? – Метеоролозите ја објавија најновата прогноза

ДЕСК

Филипче од Прилеп: Патриотизам не е да создадеш лажна гордост, туку да обезбедиш услови луѓето да живеат гордо

ДЕСК
error: Соддржината е заштитена.