Centar.mk
МАКЕДОНИЈАТЕМА

(фото) Слаб одзив од Битола, Охрид, Делчево и други градови за митингот на ВМРО-ДПМНЕ, ниту половина од автобусите не тргнале кон Скопје

Информации со фотографии испратени до нашата редакција покажуваат слаб интерес на граѓаните од неколку градови за митингот на ВМРО-ДПМНЕ.

Половина од најавените автобуси само тргнале за Скопје и тоа исклучиво само членови на партијата.
Според нашите информации во Битола имало 24 резервирани автобуси на неколку локации, но само 7 заминале за Скопје и 5 комбиња.

Во Охрид планирани биле 8 автобуси на различни локации, но тргнале 5 и 4 комбиња.

Во Кочани, иако имало планирани 4 автобуси и 3 комбиња кон Скопје се упатил само 1 автобус и 2 комбиња.

Од Делчево само 1 автобус со членови на ВМРО-ДПМНЕ заминал за главниот град.

Ова се првичните информации доставени до нас кои говорат за слаб одѕив, заедно со фотографии.

Можеби ќе ве интересира

Кој ќе ја плати цената за истрагата „Мазут“: Осомничените една година под мерки, без утврден криминал

ДЕСК

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК