7. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

Започна исплатата на трошоци за храна за ноќна работа за 2021 година за 288 вработени во МВР

Денеска (16.06.2022) Министерството за внатрешни работи изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Согласно Законот за работни односи и колективниот договор на МВР, со кој е предвидена обврска на работодавачот за исплата на трошоци за храна или обезбедена храна за ноќна работа, МВР изврши исплата на трошоци за храна за ноќна работа за 288 вработени кои работеле ноќе во текот на 2021 година, третина од полно работно време од своја годишна работна обврска.

Исплатата се врши врз основа на изработени решенија за надомест за трошоци за исхрана за работа ноќе. За таа цел од буџетот на МВР се обезбедени околу 7.000.000 денари кои ќе бидат исплатени во наредните денови.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК