Утре во понеделник, Регулаторната Комисија за Енергетика, ќе ја оддржи својата редовна седница на која што ќе бидат утврдени новите цени на горивата.
Засега нема информации по кои цени ќе се точат горивата од вторник, но цената на нафтата на светските берзи останува слична односно околу 122 долари по барел за нафтата од типот брент.
Во моментов малопродажната цена на дизелот изнесува 104,5 денари/литар.
Еуросупер 98 се продава по 112 денари за литар, а Еуросупер 95 за 110 денари по литар.