Христијан Мицкоски и неговата ВМРО-ДПМНЕ продолжуваат со деструктивно, антидржавно и антинародно однесување. По налог на Мицкоски пратениците во Собранието блокираат се што е во интерес на граѓаните и државата. Десетици важни закони се блокирани со месеци во Собранието заради личните интереси и хирови на Мицкоски, се вели во соопштението од СДСМ.
И додека дома блокира и глуми патриот, Мицкоски надвор ги поткопува државните интереси и врши предавство.
Европската народна партија каде што членува и ВМРО-ДПМНЕ усвои резолуција со која го поддржува отворањето на преговорите со ЕУ но истовремено ги поддржува ставовите на Бугарија.
Од партијата наведуваат дека Мицкоски кој беше дел од Конгресот каде се усвои Резолуцијата молчи и неодговора дали ја поддржал резолуцијата и кој бил неговиот став по однос на тоа прашање.
Со немањето став по резолуцијата, Мицкоски ја поткопа државната позиција во процесот со Бугарија, нанесувајќи штета на националните интереси.
Освен да блокира важни процеси, да носи штета врз државата и да брани криминал, Мицкоски нема никаква друга агенда, уште еднаш самиот се потврдува како најнеодговорен политичар, се вели во соопштението.