Една од најдобрите австралиски нутриционисти и диететичари, Сузи Барел, истакна дека постојат три периоди во текот на денот кога треба да избегнувате внесување храна.
Имено, Сузи се повикува на истражувањето на една британска компанија за суплементи, кое утврдило дека луѓето на диета внесувале дополнителни 750 калории дневно во следните периоди: 11:01, 15:14 и 21:31 часот.
Барел објаснува дека ова е вообичаено време кога луѓето посегнуваат по ужина или грицки, кои често се калорични или погрешно избрани.
Таа истакнува дека е неопходно денот да се започне со добар појадок за да се одолее на желбата за храна околу 11 часот. „Внесувањето малку калории во првата половина од денот не е само поттик за глад и желба за гранка подоцна наутро, туку отвора простор за прејадување подоцна во текот на денот“, рече таа.
Сепак, Сузи вели дека здравата ужина, како што е јогуртот или овошјето, може да ви помогне да го задоволите гладот.
Слично на утринската желба за храна, попладневната желба, која обично се јавува помеѓу 15 и 16 часот, е честа појава, кога многумина се свртуваат кон нездрави опции бидејќи тие се брзо и лесно решение.
„За жал, видот на храната што ја поврзуваме со грицките во овој период од денот има тенденција повторно да биде слатка, било да е тоа бисквити, чоколадо или чипс, што прави да се чувствуваме незадоволни и веројатно ќе посегнеме по грицки до вечерата“, вели Сузи.
Таа препорачува во попладневните часови да се свртиме кон ужина која е богата со протеини како јаткасти плодови, зеленчук со хумус или крекери од ориз.
Неколку часа по вечерата, веројатно ќе сакате да јадете нешто слатко додека гледате телевизија или ја читате вашата омилена книга, но Сузи тоа го карактеризира како „лоша навика“ која води до потенцијално прејадување. Ако навистина треба да јадете доцна закуска, тоа треба да биде бисквит, темно чоколадо или мала количина сладолед.
Сепак, најдобро би било да се воведе граница која означува крај на секое внесување храна, а таа советува тоа да биде 20 или 21 часот.
Предлози за здрава ужина
Мешани јаткасти плодови
Јогурт со бобинки
Парчиња јаболка со путер од кикирики
Свежо сирење и овошје
Протеинско смути
Чипс од зелка
Темно чоколадо и бадеми
Парчиња краставица со хумус
Чиа пудинг
Пуканки
Тврдо варени јајца