23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСТОП ВЕСТИ

Бислимовски: Со манипулации на општини и компании се прави набавка на струја за 94 милиони евра

„Вкупните потреби на регулираниот пазар во декември изнесуваат 3.413 милиони киловат часови, а според барањето за следната година тие изнесуваат 3.946 милиони киловат часови. Општините се обидуваат дел од своите трошоци за електрична енергија да ги префрлат на граѓаните и да ја обвинат Регулаторната комисија за зголемување на цената“ рече претседателот на Регулаторната комисија за енергетика, Марко Бислимовски во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека потрошувачката на јавното осветлување во земјата е околу 90 милиони киловат часови, од кои само околу 2 милиони досега биле на регулиран пазар. Како што кажа Бислимовски, сега сите 90 милиони ќе бидат на регулиран пазар, со што се предизвикува трошок од околу 30 милиони евра.

„Треба да кажеме отворено дека овас треба да престане. Во тие општини живеат граѓани, кои со овој потег на општините ќе имаат повисоки цени на електрична енергија“ рече Бислимовски.

Тој додаде дека 99 отсто од компаниите во земјава струјата ја набавуваат на слободен пазар, поради што тие се борат за намалување на цените поставувајќи фотоволтаици и намалувајќи ги трошоците и ги повика општините да го следат нивниот пример.