Регулаторната комисија утре оддржува редовна понеделничка седница на која ќе бидат утврдени новите цени на горивата.
Во моментов на светските берзи барел нафта од типот бренд е покачен и изнесува 119 долари.
Додека ги чекаме новите цени во моментов горивата се точат по следниве цени:
ЕУРОСУПЕР БС-95 изнесува 95 денари за литар, ЕУРОСУПЕР БС-98 се продава за 97 додека пак цената на ЕУРОДИЗЕЛ (Д-Е V се продава за 85 денари.
Цената на Екстра лесното масло за домаќинство (ЕЛ-1) се продава за 83,5 денари за литар.
Одлуката за новите цени ќе биде позната утре напладне.