Фотографија на која се гледа претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Христијан Мицкоски со Томе Блажески – претседател на бугарското здружение „Цар Борис трети“ е доставена до нашата редакција. Според нашиор извор фотографијата е направена некаде по локалните избори во земјава, во Бигорскиот манастир.
Првиот човек бугарското здружение „Цар Борис трети“ многу често може да се види во друштво на националисти во соседна Бугарија и противници на кревањето на бугарската блокада за Македонија, како Красимир Каракачанов, претседател на бугарското ВМРО.
Бугарската партија ВМРО, на поранешниот министер Красимир Каракачанов, организираше и протести против евентуално тргање на бугарското вето за почеток на преговорите на Македонија со ЕУ, а често со националистичка реторика подгрева тензии меѓу двете земји. Тој се споменуваше и како еден од мотиваторите на отворањето на клубот Ванчо Михајлов во Битола, настан на кој што присуствувал и Блажески.