Интересно истражување покажа дека еден фактор може да „прави чуда“ доколку сакате да заведете момче.
И покрај сите квалитети кои нè прават да им се допаднеме на некого, примитивните инстинкти не можат да се игнорираат и денес, велат научниците.
Имено, една студија во која учествувале 400 луѓе покажала дека на мажите далеку им се попривлечни девојките кои имаат машки пријатели или работат во претежно машки групи, а причината можете да ја погодите – се работи за ривалство.
Како што заклучиле експертите, мажите се возбудени од помислата дека имаат ривали, односно дека нивната партнерка лесно би можела да ги изневерува ако сака, па мора да се борат за нејзината наклоност. Ова, се разбира, не значи дека можноста за изневерување е привлечна, туку дека примитивниот инстинкт да се бориме за партнерот е клучен за „да се обезбеди потомство со најпосакуваната жена“, тврди авторот на студијата Мајкл Пем од Универзитетот во Окленд.
– Мажите ги импресионира кога нивната партнерка е привлечна за други мажи, кога сакаат да се дружат со неа. Тоа значи дека направиле одличен избор, но е и потврда за нивната вредност – затоа што овие жени ги избрале – додава Пем.