25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Бујар Османи: Ги знам кои се црвените линии во преговорите, затоа нема потреба од загриженост кај Македонците

На Министерот Бујар Османи повеќе пати во јавноста му се префрла од страна на поранешниот министер Димитров, но и од други политичари, дека е попустлив во преговорите со Бугарија затоа што е Албанец, па поради тоа нема сенс за чуствата на Македонците.

Османи во интервју за ТВ Алфа им одговори со паралела меѓу хирургијата и дипломатијата:

„Јас сум хирург и овие обвинувања за бесчуствителност кон Македонците треба да ги сфатам како предупредување дека не смеам д а оперирам Македонци затоа што не сум доволно чуствителен“!

Тоа е апсурдно, смета Османи и вели дека тој како хирург има дадено хипократова заклетва, а дека како министер се заколнал пред Собранието. Прашањето е или си ја знаете работата или не, вели министерот за надворешни работи.

„Јас апсолутно имам дадено заклетва пред Собранието дека ќе работам за инетресите на овие граѓани, ги знам позициите на Парламентот преку Резолуцијата која е усвоена, знам кои се осетливите прашања во процесот на преговорите, односно црвените линии кои не треба да се преминат и тука е едностано-или ја знаете работата или не ја занете, не е прашање на осетливост. Д а не ја повторувам таа корелација со хирургијата која е многу слична“ рече Османи.