По серијата обвинувања дека немал доволно чуствителност за Македонците во македонско-бугарските преговори затоа што бил Албанец, МНР Османи се одважи да ги демантира овие обвинувања во интервјуто за ТВ Алфа.
„Ова никогаш не ми било сфатливо „вие сте Албанец, ја немате осетливоста за Македонците. Вие знаете дека јас сум хирург и ова што го говорите е како да ми кажат „Вие не треба да оперирате Македонци, зашто не сте осетливи“!. Прашањето е или си ја знаете работата или не.
„Јас апсолутно имам дадено заклетва пред Собранието дека ќе работам за инетресите на овие граѓани, ги знам позициите на Парламентот преку Резолуцијата која е усвоена, знам кои се осетливите прашања во процесот на преговорите, односно црвените линии кои не треба да се преминат и тука е едностано-или ја знаете работата или не ја занете, не е прашање на осетливост“, смета Османи и додаде дека некогаш и не е добро да се биде преосетлив.
„Дури ако сте премногу осетливи, вие сте необјективни, бидејќи ние имавме такви луѓе во процесот на преговорите кои ги имаа тие дилеми фамилијарни, позиции претходни, во однос на бугарска позиција, македонска позиција и тогаш веќе не можете да расудувате објективно бидејќи тоа ви е товар“, одговори МНР Османи на обвинувањата.