Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

Приведени 12 лица, пронајдена дрога при контрола на угостителски објекти во Скопје

12 лица биле приведени при контрола на угостителски објекти во Скопје, соопшти полицијата.

Инмено синоќа (21/22.05.2022) година од страна на полициски службеници од Единицата за недозволена трговија при СВР Скопје, во содејство со полициски службеници од Единицата за интервентна полиција при СВР Скопје при контрола на угостителски објекти на подрачје на СВР Скопје од слобода се лишени 12 лица.

Притоа кај Н.В.(42), Г.Н.(20), С.Ј.(21), А.Ј(35), Г.Т.(33), Л.Р(34) била пронајдена прашкаста материја, додека кај Д.М(23), Ј.Ѓ(21), Л.Ј(18), Б.Б(26), Х.И.(20) и Д.М(39) била пронајдена марихуана.

Лицата се приведени во полициска станица и по документирање на случајот против нив ќе биде поднесен поднесок по член 215 од Кривичниот законик, соопшти МВР.

Можеби ќе ве интересира

МАКЕДОНЦИТЕ СÈ ПОТЕШКО ГО ПОЛНАТ ФРИЖИДЕРОТ: Сметката расте, кесите се сè попразни

ДЕСК

ГРАДОТ ЗА 10 МИНУТИ МОЖЕ ДА НАПРАВИ ШТЕТА ОД 1.000 ЕВРА: Дали луѓето се подготвени?

ДЕСК

ПОЛИЦИЈАТА РАСЧИСТУВА ТЕЖОК СЛУЧАЈ: Новородено бебе било дадено на незаконско посвојување за пари и бенефиции

ДЕСК