Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАБИЗНИСИЗБОР

Фероинвест демантира: Анѓушев не е сопственик на ФЕЦ Осломеј

Правната служба на компанијата Фероинвест, во име на Централинвест/РЕС, чиј сопственик е Кочо Анѓушев, ја информира јавноста дека повеќе фирми во Р. Северна Македонија и странски инвеститори се изложени на лажно информирање од порталот ИРЛ.

-Фирмите во сопственост на Кочо Анѓушев и Кочо Анѓушев лично, не се сопственици на проектот Фотонапонска електроцентрала во Осломеј. Фирмата РЕС на Кочо Анѓушев се занимава со трговија со струја и нема никаков сопственички удел, ниту целосен ниту делумен, во ФЕЦ Осломеј, стои во соопштението.

Според нив, „во лажните текстови се прави обид да се прогласи вертикална сопственост преку хоризонтална кадровска поврзаност, што е досега невидено во корпорациското работење и зборува или за капацитетот за разбирање на темата или за намерно лажно информирање“.

Од компанијата ги охрабруваат сите медиуми „да испратат прашања на наведената тема со цел да добијат точни податоци, бидејќи лесно се проверува кој е вистински сопственик и изведувач на соларната електрана во Осломеј избран на јавен оглас од државата, кој самиот реагираше до ИРЛ на нивниот обид да оспорат легална сопственост на странска компанија во државата“.

Можеби ќе ве интересира

Лоша вест: Поскапуваат сите горива – Падна одлука во РКЕ

ДЕСК

„Луѓето треба да се пензионираат подоцна за да излезат од кризата“

ДЕСК

Бројот на работниците во индустријата е намален за 2.8 % во септември 2025 во однос на септември 2024 година

ДЕСК