23.8 C
Скопје
7. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Потпретседателот на СДСМ, Стефан Богоев побара оставка од Ѓоко Велковски од позицијата генерален секретар на Скопје

Потпртседателот на СДСМ, Стефан Богоев, во интервју за порталот „24 Инфо“ побара оставка од Ѓоко Велковски на позицијата Генерален секретар на Град Скопје, откако излегоа информации во јавноста дека има судир на интереси поради тоа што во исто време е советник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ во општина Чаир.

„На пример што да кажат граѓаните кога ќе видат дека спротивно на Законот бил избран генерален секретар на Град Скопје, кој пак истовремено бил и советник на ВМРО-ДПМНЕ во Чаир? Се знае што треба, оставка, и тоа оставка веднаш. Не треба да се чека Државна комисија за спречување корупција, треба да се понесе одговорност.“ вели Богоев во интервјуто.

Богоев вели дека „во ВМРО-ДПМНЕ нема никаква промена“ и дека граѓаните се разочарани од слабата работа на градоначлниците од оваа партија.
„Граѓаните се разочарани од нив. Тоа го знае и Мицкоски и затоа ја малтретира јавноста со предвремени избори, знае и тој дека довербата во него и неговите градоначалници паѓа секојдневно.“ вели Стефан Богоев, потпретседател на СДСМ, во интервју за порталот 24Инфо.