7. октомври 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИвест

Маричиќ: ЕУ наметнува ургентност за решение, ние нема да направиме ништо против нашите интереси

„ЕУ е таа која притисната од геостратешката ситуација почна прва да го комуницира јуни како датум и комесарот Вархеји и офцијалните портпароли на ЕУ. Тоа значи дека има некое чувство на ургентност во ЕУ меѓутоа ние немаме намера да направиме чекор кој ќе ги наруши нашите интереси“ рече вицепремиерот за европски прашања Бојан Маричиќ во „Топ тема“ на Телма.

Тој додаде дека стратешки интерес на земјата е да се почнат преговорите со ЕУ, но не по секоја цена. Како што потенцираше вицепремиерот сакаме да почнеме преговори со фер договор, кој нема да задира во нашето достоинство и идентитет.

„Мислам дека и денешниот повик на премиерот Петков е да се состане нивниот и коалициски совет и совет за безбедност за да можат да ги усогласат ставовите. Ние настапувавме секогаш со исти ставови утврдени со Декларација во собранието. Секогаш сме настапувале добронамерно и со желба да се договориме но не по секоја цена и по цена на нарушување на нашите интереси“ рече Маричиќ.

Тој додаде дека во ниту еден случај нашата влада нема да влезе во разговори за да има решение што ќе биде лошо и неодржливо.

Можеби ќе ве интересира

(Видео) Сцена како од акциски филм – Објавена снимка од пукањето во Куманово

ДЕСК

ВРЕМЕТО СЕ МЕНУВА, ТЕМПЕРАТУРИТЕ НЕВООБИЧАНО ВИСОКИ – Синоптичарите со детална прогноза за следните 4 дена

ДЕСК

Трагедија кај Кочани: Во тешка сообраќајка еден загинат, неколкумина повредени

ДЕСК