25. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Pixabay
ТЕМАМОЗАИКЗДРАВЈЕ

ПАЗЕТЕ ШТО ЈАДЕТЕ – Ако ги имате овие дигестивни проблеми, постојат намирници кои можат да ви го олеснат животот

Ако страдате од киселина и горушица, чајот од камилица или некој сличен смирувачки билен чај, како нане, би требало да ви помогне.

Избегнувајте гуми за џвакање без шеќер бидејќи вештачките засладувачи во нив може да предизвикаат гасови, надуеност и подригнување. Овие намирници можат да помогнат кога желудникот откажува.

Јогурт

Најчестиот незасладен јогурт е добар за грчеви и гасови во стомакот, но неговите пробиотици помагаат и при антибиотска дијареа. Тоа е затоа што јогуртот внесува здрави бактерии во телото, што исто така ја намалува болката во стомакот.

Јаболковиот оцет може да ги реши дигестивните проблеми во случај да е предизвикан од недостаток на киселина во желудникот, а бидејќи е доста силен, доволно е да помешате една или две лажици со топла вода и да додадете малку мед. Јаболковиот оцет содржи и витамини Б и Ц.

Оризот е храна која лесно се вари, а ја зголемува апсорпцијата на течности. Оризот во случај на дијареа може да ја врати столицата во нормална состојба, а помага и при непријатно чувство во стомакот благодарение на скробот кој се прилепува за слузницата на желудникот.

Ѓумбирот може да помогне при повраќање или гадење. Парчињата ѓумбир измешајте ги со врела вода и оставете ги да киснат неколку минути. Се разбира, можете едноставно да купите чај од ѓумбир.

Алое верата е растение кое служи за ублажување на изгореници, но добро е и за киселина и други стомачни проблеми. Сокот од алое исто така ќе ги исфрли токсините од телото, но внимавајте на количината бидејќи може да делува и како лаксатив.

Бананите се добри за немирен стомак и нормализирање на столицата во случај на дијареа. Бананите содржат и калиум, кој е многу корисен доколку некое време не сте во можност да јадете поради болест.

Можеби ќе ве интересира

Содржат многу минерали и витамини: Овие 10 НАМИРНИЦИ го заслужуваат епитетот суперхрана во 2022 година

M T

Овие намирници немаат рок на траење, може да се чуваат на собна температура

M T

Доаѓа студено време: Подобрете го имунитетот со овие 5 намирници

M T

Овие три намирници го забрзуваат метаболизмот и ќе ослабите ВЕДНАШ

M T

Ова е список на 9те намирници кои многумина од нас ги јадат, а се многу опасни по нашето здравје

M T

ЗАЈАКНЕТЕ ГО ИМУНИТЕТОТ – Овие намирници се ѕвездите на есенското мени

M T