Неименувана поранешена вработена во супермаркет во Велика Британија открила некои тајни за работењето и функционирањето на продавниците за кои клиентите не се свесни.
За седум години работа, како што вели, видела се, а еден од најлошите делови од нејзината работа било доаѓањето на пијани студенти на пазарење.
Еден дури и ја повратил додека му носела кофа.
Таа открила и една работа што многу клиенти не ја забележуваат, а се шокираат кога ќе дознаат – повеќето пекарски производи се замрзнати.
„Работата на вработените е да ги одмрзнат и да ги стават во шпорет, за да не се секогаш свежи“, рече таа и додаде дека голема количина се фрла во ѓубре на крајот од смената.
Таа даде и неколку корисни совети – најдобро е да пазарувате помеѓу 7 и 20 часот, околу 11 или околу 20 часот – тогаш има најмалку гужва и најмногу намирници на полиците.