6. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

СДСМ: После 50 години нов оддел и апарат за магнетна резонанца во Прилеп

Владата предводена од СДСМ како и Министерството за здравство остануваат посветени на развој и унапредување на здравствената заштита и вистинска грижа за лекарите и граѓаните. Покрај инвестициите во човечкиот капитал, континуирано инвестираме и во опремување и реновирање на здравствените установи, соопшти СДСМ.

„ За првпат после повеќе од 50 години во Општата болница во Прилеп отворен е нов оддел во кој е поставен новонабавениот апарат за магнетна резонанца. Ставањето во функција на апаратот на магнетната резонанца од исклучително значење и придобивка за граѓаните на Прилеп, Крушево и Македонски Брод и целиот овој регион, вклучително и Кавадарци.

Околу 120.000 граѓани, во овој нов оддел ќе добиваат квалитетна здравствена услуга неопходна за точна дијагностика. Паралелно, унапредувањето на здравствениот сектор и грижата за здравствените работници останува наш врвен приоритет. Платите на сите вработени во здравството годинава ги зголемивме за 5 отсто.

За четири години основната плата на лекарите специјалисти ја зголемивме за 40%, а на медицинските сестри помеѓу 20 и 23%, на општите лекари за 25%, додека на здравствените соработници за 15%.

Направивме корекција и на коефициентот на дежуствата, а на младите специјализанти им овозможивме здравствено осигурување, платени дежурства и месечен надомест во висина на основна плата на општ лекар. Како одговорна партија продолжуваме посветено да работиме на обезбедување на квалитетно здравство и достојни услови за работа и вистинска грижа за сите граѓани“ наведуваат од владејачката партија.

Можеби ќе ве интересира

Свадба во затворот во Струмица (ФОТО)

ДЕСК

Спасен параглајдеристот кој висеше закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК

Спасувачка акција на повреден параглајдерист закачен на дрво високо над 30 метри

ДЕСК