„Блокадата не е решение и е контарпродуктивно. Ни претстои ребаланс на буџетот па ќе мораме заеднички да дискутираме и за тоа. Очекувам дека опозицијата ќе се повлече од блокадите. Имаме и други важни закони и мислам дека нема да го направат тоа од пред две години, пратениците на ВМРО ДПМНЕ не влегоа во сала оти мислеа нема мнозинство. Граѓаните ќе го ценат тоа. Опозицијата во време на пандемијата блокираше закони од пакетите со мерки кои директно се однесуваа на граѓаните. ВМРО ДПМНЕ сака да престави дека само кај нас има проблеми со струјата, горивата, храната и друго.“- изјави пратеникот Диме Велковски, во емисијата „Топ тема“ на телевизија Телма.
„Ние сме секогаш тука за дискусија, но вие предлагате само предвремени избори и поставувате услови за што да се разговара на средбите. Проблемите на граѓаните сега ги имаме и мораме да ги решаваме“- дополни Велковски.