22. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАИЗБОР

СДСМ: Неуспешна е блокадата и неиспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги правда деструкциите во Собранието

Соопштение на СДСМ:

Неуспешен е обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги оправда деструкциите во македонското Собрание кои се на штета на граѓаните и на државата.

Со што сака да се пофали ВМРО-ДПМНЕ? Дека два дена се потрошија на утврдување на дневен ред? Дека дискутирале пратениците од оваа партија цел ден за една точка да биде на 7 наместо на 8 место на дневен ред?

Што е следно? ВМРО-ДПМНЕ да каже дека 2.5000 амандни за блокада на законот за служба во АРМ значи дека пратениците многу работеле?

Па токму тоа е она што не треба да го прават, не е тоа работа за граѓаните. Не ги плаќаат граѓаните за одолговлекувања, бесмислени реплики и штанцање илјадници амандмани за блокада на законите. Напротив.

55.000 евра ги чинат граѓаните месечно пратениците на ВМРО-ДПМНЕ и тие треба да ги заработаат со посветност на интересот на граѓаните, на усвојување на законите, на ефикасност во работата а не на блокади на Собрание.

Во време на криза граѓаните бараат и очекуваат ефикасна работа на Собранието а не одолговлекувања, бесмислени реплики и шанцање илјадници амандмани за блокада на некој закон.

Два дена потрошија пратениците на ВМРО-ДПМНЕ за еден дневен ред но нивната блокада не успеа, седницата продолжува, дневниот ред е усвоен.

Неуспешна е блокадата исто како што е неуспешен и обидот на ВМРО-ДПМНЕ да ги оправда деструкциите.

Можеби ќе ве интересира

Тренчевска за МРТ: Предлог Законот за финансиска поддршка влезе во собраниска процедура, верувам дека пратениците ќе го подржат

M T

СДСМ: Мицкоски и Лефков да се извинат откако ДКСК ги демантираше измислените афери за Ковачевски

M T

СДСМ: Зошто Мицкоски не сака да ја даде струјата од хидроцентралите на граѓаните?

M T

СДСМ: Заради бизнис интереси на Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, стои Скопје

M T

СДСМ: Осми ден ВМРО тендерска ДПМНЕ молчи за Мицкоски и тендерот од 136 милиони евра

M T

СДСМ: Мицкоски има интереси, затоа е кавгата во Скопје, за пари

M T