Многу луѓе го сакаат младиот кромид поради неговиот вкус, а немаат поим дека тој е вистинска ризница на минерали и витамини, како и дека е одличен во заштитата на здравјето на целиот организам. Зелениот дел од овој моќен зеленчук е особено добар за здравјето.
Еве пет причини зошто младиот кромид е добар да се јаде секој ден:
Го штити срцето
Полн е со антиоксиданси кои ги штитат клетките во телото од оштетување од директното дејство на слободните радикали. Покрај тоа, младиот кромид го одржува крвниот притисок во нормални граници и го намалува ризикот од згрутчување.
Добро е за видот
Заштитува од воспаленија и го намалува ризикот од болести на мрежницата. Содржи витамин А, кој е важен за производство на протеини во очите, кои се одговорни за добриот вид. Луѓето на кои им недостасува овој витамин може да страдаат од ноќно слепило и други нарушувања. Еден кромид содржи околу 3 проценти од дневната потреба за витамин А.
Ги зајакнува коските
Витаминот Ц и К, со кои е богат младиот кромид, се добри за заштита на коските. Само еден кромид содржи околу 20 проценти од препорачаната доза на витамин К и околу 2 проценти од витамин Ц. И двата се важни за густината и јачината на коските. Недостатокот на овие витамини ја зголемува можноста за развој на остеопороза и фрактури.
Го намалува холестеролот
Посебно неговиот зелен дел кој некои го фрлаат и подобро би било да го изедат. Освен што го намалува нивото на лошиот холестерол во крвта, помага и за регулирање на нивото на шеќер.
За поубава кожа
Му помага на телото да произведува колаген кој е важен за убава, здрава и затегната кожа. Колагенот е одговорен за забавување на создавањето на брчки на лицето и го има во многу креми.