Претпладне, времето ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со краткотраен пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 3 до 8, а максималната ќе достигне од 19 до 27 степени. УВ=7
Во Скопје, претпладне ќе биде сончево и топло со мала до умерена облачност. Попладне ќе има локална појава на пороен дожд, грмежи и засилен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 8, а максималната ќе достигне до 25 степени.
Во наредните денови ќе преовладува сончево и потопло време, во попладневните часови со ретка појава на краткотраен пороен дожд и грмежи.
Понестабилно време се очекува во сабота.