8. октомври 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Премиерот Ковачевски се заблагодари на Ваеленскиот патријарх за признавањето на МПЦ ОА

Фејсбук статус на премиерот Димотар Ковачевски:

Сакам да упатам голема благодарност до Неговата Божествена Сесветост, Вселенскиот Патријарх г. г. Вартоломеј што направи големо дело, покажа голема грижа за еден голем православен народ и Вселенската Патријаршија со овој чин потврди дека стојат на историската мисија и одговорност.

Иако со овој чин конечниот статус и име се уште не се решени, најважниот и најголем чекор е завршен. Сега нашата православна црква е во заедница со сите православни цркви, и овој ден е историски ден после 7 децении тотална изолација.

Денеска со одлуката на Вселенската Патријаршија ние влегуваме во православното семејство на сите помесни цркви. И оваа одлука на вселенската патријаршија што не признава под име орхидска архиепископија значи признавање на континуитетот што го има нашата историска црква со древната Охридска Архиепископија.

На Светиот Синод на македонската православна црква, на сите православни христијани им честитам за оваа убава вест.