Centar.mk
МАКЕДОНИЈА

168 санкционирани возачи во Скопје, 25 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (05.05.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 168 мерки, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 25 санкции, 12 мерки за возење без возачка дозвола, 19 санкции за возење под дејство на алкохол.

Изречени се четири мерки за користење на мобилен телефон, 36 санкции за прекршоци што ги прават пешаците, четири мерки за прекршоци што ги прават возачите на мотоцикл, 38 за непрописно паркирање…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Сообраќајка на патот Градско – Прилеп

ДЕСК

Ова се новите луѓе на СДСМ – Објавена е листата на новите функционери

ДЕСК

Филипче: СДСМ има нов тим, нова сила – нова енергија!

ДЕСК