Кујната е, покрај бањата, просторијата на чие чистење и хигиена се посветува најмногу внимание. Со оглед на тоа што во кујната подготвуваме храна која лесно може да ја пренесат бактериите, многумина од нас ја чистат секојдневно, но експертите велат дека можеби ќе заборавиме да исчистиме некои места и некои работи во кујната.
Иронија затоа што користиме сунѓери за миење и чистење, а тие се една од работите во кујната во која има најмногу бактерии.
Експертите советуваат сунѓерите да се мијат со топла вода и детергент за садови, а потоа да се натопат во средство за дезинфекција 15 минути. Потоа исцедете ги и оставете да се исушат.
Доколку немате никакво средство за дезинфекција при рака, доволно е да го натопите сунѓерот во врела вода, што исто така ќе ги уништи сите бактерии.
Редовно чистете го мијалникот и за да спречите бактерии да останат во некои ситни вдлабнатини околу одводот, на пример, четка за заби или друга мала четка може да помогне. Најдобро е да користите средство за дезинфекција или белило.
Многумина не се сеќаваат да ги исчистат рачките на фрижидерот или „копчињата“ од шпоретот, а факт е дека понекогаш ги допираме со раце на кои има брашно или некоја друга храна додека готвиме. Редовно чистете ги овие површини со топла вода и детергент за да избегнете пренесување бактерии од нив во храната.
Како и со што ги чистите работните површини во кујната зависи од каков материјал се направени. Општо правило и добра практика е да ги избришете работните површини со крпа и антибактериски спреј на крајот од секој ден, кога ќе завршите со подготовката на храната.
Колку и да мислиме дека добро сме ги измиле и дека се чисти, бактериите остануваат на даските за сечење. Иако дрвените се сметаат за најдобри бидејќи се направени од природен материјал, при сечење на нив има засеци од ножеви, во кои се задржуваат бактерии.
За да избегнете пренесување на бактерии на храната, многу е важно редовно да ги миете со детергент, а потоа да се прелива со врела вода за да се стерилизира.