22. септември 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈА

151 санкционирани возачи во Скопје, 35 за брзо возење

Министерството за внатрешни работи во текот на вчерашниот ден (19.04.2022) продолжи со засилените акциски контроли во областа на сообраќајот.

На територија на град Скопје изречени се вкупно 151 мерка, меѓу кои за возење повеќе од дозволената брзина 35 санкции, 16 мерки за возење без возачка дозвола, шест санкции за технички неисправни возила во јавниот превоз.

Изречени се 11 мерки за користење мобилен телефон, четири санкции за вградени неатестирани фолии (затемнети стакла), шест мерки за минување на затворен сигнал (црвено светло), четири санкции за нерегистрирани возила…

Засилените акциски контроли продолжуваат и во наредните денови. Апелираме до граѓаните да ги почитуваме сообраќајните правила и прописи за да ја зголемиме безбедноста во сообраќајот и заедно да придонесеме за посигурни патишта.

Можеби ќе ве интересира

Граѓаните бараат улици, не само згради – планот на Ацевски за сообраќајот во Ѓорче

C +

Љупчо Николовски: Скандалозно, ЕУ потврди дека Министерството за земјодели ги напуштило реформите во шумарството

C +

СДСМ: Алармантно, над 20 милиони килограми грозје стои неоткупено

C +