23. ноември 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
фото Centar.mk
.ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Скандалозно, СОНК одбива покачување на платите од над 2.500 денари просечно

Владата на Република Северна Македонија во разговорите со СОНК понуди зголемување на платите од 10% што значи просечно зголемување за 2.500 денари на нивните месечни примања.

Воедно и методологијата со која Владата ќе обезбеди континуиран раст на платите, ќе обезбеди трајно решавање на социјалниот статус на вработените во образование.
Владата смета дека е неодговорно и покрај понуденото решение за раст на платите во образованието и детската заштита и воспитание да се продолжи со штрајкот и да се руши веќе воспоставениот образовен процес во услови кога се соочуваме со економска и здравствена криза. Најдобриот интерес на децата треба да ни е на прво место, бидејќи правото на образование на секое дете е уставно загрантирано право. Учениците треба да се вратат во училиштата, таму каде што припаѓаат, соопштуваат од Владата.

Во време на најголема светска економска и енергетска криза, скандалозно нејасно е зошто СОНК одбива покачување на платите во просек над 2.500 денари?