15. август 2025
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
МАКЕДОНИЈАТОП ВЕСТИ

Каевски: Дали поврзаноста меѓу Мицкоски и компанијата на Груевски е причина за молкот за црната листа на САД?

Дали поврзаноста меѓу Мицкоски и компанијата на Груевски е причина за молкот за црната листа на САД? Ова прашање на прес-конференција го постави пратеникот и портпарол на СДСМ, Дарко Каевски.

Тој рече дека ВМРО-ДПМНЕ со денови не се изјаснува за тоа што нивниот почесен претседател Никола Груевски се нашол на Црната листа на САД.

„Никако да се извинат, никако да побараат одговорност, никако да понудат оставки. Покрај вмешаноста во значителна корупција и криминал, новина е наведената фирма на Никола Груевски регистрирана во Република Унгарија. Дали токму оваа фирма на Груевски е причината за молкот на Мицкоски? Дали Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ знаеле за оваа фирма? Мицкоски треба да излезе во јавноста и да каже која е поврзаноста со фирмата за која медиуми објавија дека седиштето и се наоѓа во мало населено место во близина на Будимпешта? Дали и самиот тој стравува дека може да се најде на Црната листа на САД, па затоа со молчење се обидува да го одбрани својот шеф?“, праша Каевски.

Портпаролот на СДСМ, побара од Мицкоски да излезе пред граѓаните и да одговори на прашањата.

Можеби ќе ве интересира

ПОДГОТВЕТЕ СЕ ЗА ОСВЕЖУВАЊЕТО КОЕ ДОАЃА ВИКЕНДОВ И ЌЕ ТРАЕ – Метеоцентар со детална прогноза за следните денови

ДЕСК

МНР чека потврда дали македонски државјанин е меѓу жртвите на тројното убиство во Боливија

C +

Ивановска се кандидира за градоначалничка на Центар: „Не барам моќ, туку сакам да им ја вратам на граѓаните“

C +