Нафтениот пазар од утрово е во пораст. Цената на барел нафта на лондонскиот пазар е 105 долари за барел, што е прилично промена во однос на вчерашниот ден кога цената на барелот изнесуваше само 100 долари. Цената на барел нафта на американскиот пазар е 100 долари.
Пред околу еден месец, барел вредеше и до 130 долари. Цената тогаш падна на околу 120 долари и континуирано е во минус во последните десет дена, до денес.
Биткоин утрово 40.000 долари
Пазарот на криптовалути од утрово е зелен. Вредноста на биткоинот е 40.121 долар, што е мала промена во однос на вчера. Во црно се и другите криптовалути.
Цена на пченица и пченка
Цената на пченицата расте. Цената на пченицата е 1.103 долари за тон, што е зголемување за околу 2 отсто во однос на вчера. Цената на пченката е 776 долари за тон, што е исто така пораст од околу 2% во однос на вчерашниот ден, пренесува Блиц.