12.8 C
Скопје
10. мај 2024
Centar.mk – Вести, бизнис, забава, спорт…
ТЕМАМАКЕДОНИЈАИЗБОР

Уапсен началникот на полицијата на Блаце кој бараше мито

Заменик министерот за внатрешни работи Назим Буши за ТВ21 потврди дека е уапсен началникот на смената на преминот Блаце, кој со скриена камера е фатен како бара 20 евра за патниците кои влегуваат во Македонија.

„Внатрешната контрола веднаш по добивањето на веста го уапсила“, потврди заменик министерот.

Се дознава дека првопријавениот е Е.Ш од Скопје, началник на смена на преминот меѓу Макеоднија и Косово, додека другиот полицаец кој се појавува на видеото се дознава дека е З.Р.

Скандалот беше откриен откако бизнисмен, кој се занимава со превоз на патници, го осуди во емисијата „Стоп“ на ТВ Клан за притисокот што му се врши со барање мито за услуга која треба да биде бесплатна и која му следува. на граница.